Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид со отворен ден оваа година ќе се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на срцето што оваа година се одржува под мотото „Моето срце...Твоето срце“.

По тој повод вечерва од 19:30 часот установата ќе биде осветлена во црвена боја, а стручни екипи на Заводот ќе испратат порака за важноста од превенцијата на кардиоваскуларните заболувања. Лекарски тимови ќе делат брошури и совети што се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата популација, како и за спречување на влошување на здравјето на срцето кај лицата заболени од кардиолошки болести.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 11:31