Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием за децата и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела која се одржува под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“.

На приемот, Димитриевски им посака успех во образованието. Децата побараа повеќе детски рекреативни игралишта и реновирање на училишта. - Се надевам дека ќе бидете успешни членови на нашата заедница и на државата, рече на приемот Димитриевски.

Годинава, во рамки на одбележување на детската недела предвидено е да се оддржат повеќе манифестации во сите училишта и градинки, меѓу нив и конкурси за поезија, проза, ликовен конкурс, манифестацијата „Детски лирски треперења“ и свечен прием на прводделенците во детската организација.

- Возрасните не треба да забораваат дека детските права и обврски треба да се почитуваат во текот на целата учебна година, а не само за време на одбележување на детскатанедела, изјави претседателот на здружението Александар Стефановски.

Ова е единстевното здружение во Р.Македонија кое се уште успешно опстојува и постојано работи за унапредување на правата на децата и нивно воспитување.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 13:53