Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино-струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот со употреба на корисничко име „Андон Косето“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Р.Македонија и неговото семејство.