Со цел подигање на свеста за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај на патиштата и РК Вардар денеска во населбата Аеродром реализираа сообраќајно едукативната кампања под мотото „Шампионите возат одговорно“.

Како партнери во насока на унапредување на безбедноста на патниот сообраќај, што воедно претставува заедничка цел и одговорност, на овој сообраќајно едукативен настан, односно стандардна контрола на сообраќајната полиција учествува покрај членови на РСБСП и ракометарите од РК Вардар Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс кои на одговорните возачи како награда им поделија по две карти за натпреварот од ракометната лига на шампиони помеѓу Вардар – Рајн Некар Левен.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 16:29