Шеесет и деветгодишна кавадарчанка починала синоќа поради труење, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Синоќа околу 18 часот во ПС ОН Кавадарци од ЈЗУ Општа болница - Кавадарци, пријавено било дека била донесена жителка од Кавадарци со видливи знаци на труење. Поради сериозноста на здравствената состојба, жената била препратена во Клинички центар Скопје каде починала, појасни Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 11:50