Во јавноста се појави лажна фејсбук страна која веќе два дена ја манипулира јавноста во името на Скопје Сити Мол и го злоупотребува името на Скопје Сити Мол нудејќи лажни информации.
Токму затоа сакаме да ја известиме јавнoста да не наседнува на ваквите лажни фејсбук страни, лажни статуси по социјалните мрежи кои имаат една цел, а тоа е да наштетат на имиџот на најголемиот шопинг центар Skopje City Mall кај нас. Безобразноста и дрскоста оди до таму што администраторите ги тераат луѓето преку приватни пораки да испраќаат лични карти и персонални фотографии што претставува манипулација за осуда. Злоупотребата на нашите фанови ја осудуваме.
Лажната фејзбук фан страница е под името Skopje City Mall promo, https://www.facebook.com/Skopje-City-Mall-promo-2314944448576301/, која има околу 2000 фанови. Истата содржи материјали кои се превземени од официјалната страна на Skopje City Mall и промовира лажна и манипулативна кампања во име на трговскиот центар.
Скопје Сити Мол има една и единствена фејсбук страница која е легитимна https://www.facebook.com/SkopjeCityMall , на која се објавуваат сите активности, промоции, новитети и вести и која има повеќе од 250.000 фанови. Како и на официјалната страна на Трговскиот Центар www.skopjecitymall.mk