Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште, Сарај, Карпош, Суденичани и Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат делови од селото Долно Соње од пред мостот надолу во општина Сопиште, од 8:30 до 10:30 часот, корисниците од селото Кондово и водовод „Кондово“ во општина Сарај, од 8:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од улицата Коле Неделковски кон улицата Теодосиј Гологанов во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 9:00 до 13:00 часот, ќе имаат корисниците од дел од улиците Осло дел од улицата Будимпештанска и дел од улицата Урош Џуровиќ во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Батинци, улиците со бр.4, 6 и 7 во општина Студеничани и од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од селата Чајлане и Семениште во општина Сарај.

Без струја во периодот од 11:00 до 15:30 часот, ќе биде караулата „Чашка“, „Геолошки Силекс“, село Грачани и село Кондово во општина Сарај, од 11:00 до 15:30 часот, викенд населбата „Веле Поле“ и село Кучково во општина Ѓорче Петров.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 23:18