Подигнување на квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти е целта на Гастро турата што Општина Охрид ја организира во периодот од 12 до 14 овој месец.

Во рамки на настанот предвидено е гостување на неколку врвни светски готвачи гастрономи од различни земји добитници на Мишелин ѕвезди, кои за време на неколкудневниот престој во Охрид, во различни угостителски објекти ќе имаат задача преку готвење со домашни – охридски производи да изнајдат начин за изработка и подготовка на нови специјалитети, како и нивно вклучување во менијата на локалните угостители.

Воедно предвидено е да се одржат и обуки на локални готвачи за подготовка на нови типови на храна и збогатување на постоечките менија во угостителските објекти и на тој начин да се придонесе кон туристичкиот производ и понудата на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 15:08