Повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа е цел на проектот што во следните шст месеци ќе се спроведува во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница. Целта е утврдување на моменталната состојба во примената на законите и давање насоки за поголемо спроведување на веќе поставените стандарди. Според Тони Стоименовски, координатор на проектот, идејата е да се поттикнат бизнис секторот и јавниот сектор од овој регион да одржуваат повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, но и воопшто работниците да бидат подобро запознаени со безбедноста на своето работно место. -За нас превенцијата ќе биде клучна порака која ќе ја испратиме до лицата кои вработуваат без разлика дали се работи за приватен или јавен сектор и да ставиме на знаење дека инвестицијата во заштитни средства и опрема за подобро работење, не се изгубени средства туку инвестиција во самата фирма. Истовремено ги повикуваме и граѓаните од петте општини кои некогаш се соочиле со повреди или судири со законот во тој дел да не исконтактираат и позитивните и негативните примери да бидат јавно пренесени преку истражувачки стории, вели претставникот на РЦЗ Делчево. Проектот, што е финансиран од Европската Унија, го реализира Регионалниот центар за застапување од Делчево во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 18:03