Над 40 станици за полнење на електрични возила ќе бидат поставени на централни јавни локации низ државата.

Станиците за полнење на електромобили ги поставува ЕВН Македонија која денеска ќе го промовира проектот „Електромобилност со ЕВН“.

Со вака развиената мрежа на полначи се очекува сопствениците на електрични возила од земјава и од странство да можат да патуваат во било кој правец во и надвор од границите на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 10:24