Општина Куманово го распиша овогодинешниот конкурс за доделување на номевриската награда, која се доделува на поединци, претпријатија, установи и институции по повод „11 Ноември“ – Денот на ослободување на Куманово.

- Авторот на делото мора да е жител на градот, организацијата или заедницата, односно делото и постигнувањата тематски треба да се врзани за општина Куманово. Право на предлагање на кандидати за ноемвриската награда имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци, изјави претседателот на комисијата за додлеување на награди и признанија, Сашо Милковски.

Заинтересираните треба да ги достават предлозите за доделување на награда со образложение во писмена форма, до комисијата, најдоцна до 31 октомври годинава.

Според одлуката, оваа комисија од Советот на општината, ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

Ноемвриската награда, појаснуваат оттаму, е израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 15:41