Во текот на минатиот месец (септември) на поширокото гостиварско подрачје, полициските службеници откриле 842 сообраќајни прекршоци од вкупно контролираните 2.272 возила и возачи. Поради констатираните прекршоци од сообраќај биле исклучени 108 возила, најмногу со истечена, односно необновена регистрација (68) и техничка неисправност (40).
- Во овој период, исклучени се и вкупно 134 возачи, од кои 97 управувале без положен возачки испит и соодветна дозвола, 11 управувале под дејство на алкохол, 26 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Овие и другите видови прекршоци, откриени во септемвриските контролни активности на гостиварските простори, санкционирани се со 239 прекршочни и 445 мандатни платни налози и 142 впишувања на негативни бодови.
Во септември годинава времено одземени се 11 возачки дозволи.