Во акциите на полицијата во септември од слобода биле лишени 120 лица кои биле вклучени во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од СВР Тетово.
Овој исход е дел од активностите на СВР Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во овие незаконски дејства.
Најголемиот број од нив (92) лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје.
- Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, кои не се само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села. Кај нив е пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази. По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави, наведуваат од СВР Тетово.