Четириесет студенти од различни европски универзитети од денеска ќе ја следат редовната настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Студентите се дел од Еразмус програмата и доаѓаат од Франција, Шпанија, Португалија, Полска, Словачка, Хрватска и Германија.

Сања Стефанова од Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот во Штип вели дека студентите ќе ја следат наставата вкупно еден семестар на факултетите во Штип.

- Иако во минатиот период ние бевме насочени кон активирање на нашите студенти да заминат преку Еразмус плус програмата, овој процес е наизменичен, така што покрај нашите студенти кои одат, имаме и студенти кои ќе поминат на студии и пракса на нашиот Универзитет, изјави Стефанова.

Таа се надева дека странските студенти ќе добијат добро образование и искуство на Штипскиот универзитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 14:33