Четири непознати лица извршиле вчера разбојништво врз 17 годишно момче во Скопје.
Како што соопшти МВР вчера во Единицата за информации и команда Скопје, С.П.(49) од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот на крстосницата на улица „Стрезово“ со улица „Илија Плавев“, четири непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 17-годишен син.
Сторителите со закана со нож му одзеле мобиен телефон, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.