Претставници на општина Гевгелија денеска остварија средба со штитениците на центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ по повод денот на Европска соработка.

Во Домот, кој е наменет за индивидуална работа и третман на граѓани од оваа категорија, децата беа запознаени со изведбените работи на излетиштето „Динќут“ каде ќе бидат уредени повеќе содржини за рекреација, посебно за најмладите вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Меѓу содржините, беше посочено, ќе се најдат многу реквизити и опрема за забава на деца како трамбулина, тобоган, лулашки, вештачка карпа за искачување, игралиште за мал фудбал, фитнес зона и летно кино.

Покрај овој, општина Гевгелија во моментот е лидер партнер на уште еден проект финансиран од ИПА во рамки на прекуграничната соработка на Македонија и Бугарија.

Центарот за деца со посебни потреби во Гевгелија е единствениот во земјата чија основна цел е зголемување на социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби. Во него се вклучени 30 лица со различни попречености кои добиваат индивидуални часови со стручни лица и програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето.

Општина Гевгелија ги подржува ваквите проекти и со фондацијата „Аполонија“ веќе учествуваше во уредувањето и отворањето на сензорната и терапевтската соба за децата со посебни потреби во Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2018 13:52