Силвио Берлускони по преземањето на третолигашот Монца, најави амбициозен план со кој планира фудбалскиот клуб да го внесе во елитната Серија А.

Поранешниот италијански премиер за таа цел воведе нови правила во тимот на Монца.

- Во тимот ќе играат само млади Италијанци. Ќе имаат уредни фризури и нема да бидат дозволени ниту бради, ниту тетоважи. Забрането ќе биде и носењето на многу обетки. Играчите ќе бидат пример за фер-плеј на теренот, ќе се извинуваат на противниците при прекршок, а кон судиите ќе се однесуваат со почит, истакна Берлускони.

Во реализацијата на оваа цел ќе му помага неговиот долгогодишен соработник Адријано Галијани.

Берлускони во 2017 година за 750 милиони евра го продаде Милан, но по кратката пауза се врати во светот на фудбалот и одлучи да ја купи Монца за 2,9 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2018 16:04