Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја заврши посетата на Северна Кореја каде разговараше со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Помпео по состанокот напиша на Твитер дека имал средба со Ким и дека продолжува напредокот во реализцијата на договорот од самитот на Ким со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур.
– Ви благодарам што ме пречекавте мене и мојот тим, напиша Помпео. Тоа беше четврта посета на Помпео на Пјонгјанг.
Тој ќе отпатува во Сеул каде ќе има средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.