Американски официјален претставник изјави дека посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Северна Кореја била „подобра од последниот пат", но потребни се дополнителни напори.

Анонимен претставник, кој беше член на делегацијата на Помпео, изјави дека е постигнат одреден напредок во текот на четвртата посета на Помпео на Северна Кореја, во која тој имаше средба со лидерот Ким Џонг-ун.

- Тоа ќе бидат долгорочни напори, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 12:56