Клубот на млади при Црвениот крст во Делчево по повод Неделата на млади организираше хуманитарна акција за собирање средства за лица од семејства во социјален ризик.

- Неделата на младите е еден многу важен период за младите од Црвениот крст бидејќи младите се движечката сила во Црвениот крст. Тие се оние кои го прават најголемиот дел од активностите, најголемиот дел од иницијативите. Како дел од овие активности ја спроведовме и акцијата во Градскиот парк која имаше хуманитарен карактер, а во чии рамки учествуваа десетина волонтери од училишниот клуб на Црвениот крст при деветолетката Св.Климент Охридски, изјави волонтерката Михаела Маџова.

Клубот на млади волонтери при Црвниот крст брои 30 членови и во тек е кампања за прием на нови активисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 13:14