Непознато лице со фалсификувана банкнота од 2.000 денари платил во трафика на улица „Борис Кидрич" во Куманово.
Како што информира МВР, случајот вчера во 11:30 часот во Полициска станица Куманово го пријавил Д.Г.(35), дека завчера во неговата трафика од страна на непознато лице е платено со фалсификувана банкнота од 2.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.