Полициски службеници вчера во атарот на село Дворци затекнала три лица како транспортираат бесправно исечени огревни дрва, а откако продолжиле кон селото Пеглово полицијата биле престрената од група граѓани и бил нападнат еден од полицајците.

Како што информира МВР, вчера од страна на полициски службеници околу 21:30 часот на место викано „Стрмол“ во атар на село Дворци, затеканти се А.М., Н.Н. и Е.Ф., со трактор како транспортираат бесправно исечени огревни дрва. Откако полициските службеници продолжиле да се движат кон село Пеглово, од страна на група граѓани им било попречено движењето, а во еден момент нападнат е и еден полициски службеник.

Две лица се приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 15:51