Нивото на реката Вардар кај Јегуновце е двојно пониско од просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.

Намалени се и нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива Река кај Крива Паланка.

Зголемен водостој е измерен на Брегалница кај Берово и на Црна кај Новаци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 11:12