Реката Луда Мара во Кавадарци потемне поради тоа што одделни кавадарчани кои печат ракија во овој период од годината исфрлаат во неа комиње, кое останува по производството.

Претседателот на еколошкото друштво „Еко-живот“ од Кавадарци Роберто Паризов за МИА изјави дека мора да престане несовесноста кај поединци кои, како што рече, не размислуваат за своите постапки.

- Сезона на варење ракија е, казани насекаде горат, а нема соодветен износ на остатоците од печењето ракија кај дел од кавадарчани. Нема свесност кај нив, а воедно нема и Локален еколошки акциски план во општината, нагласува Паризов.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ потврдуваат дека навистина реката ја менува бојата поради тоа што се случува во неа да бидат фрлени остатоци кои се вообичаени при печењето ракија во најголемиот лозарски крај во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 12:11