Ѓубре ги дочекува туристите кон Тиквешко Езеро, реагираат од еколошкото друштво Тисовец од кавадаречко Возарци, село кое е во близина на втората по големина вештачка акумулација во државата.

- Иста проблематика со години, покрај тоа што редовно се чисти со помош на јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци. Според нас, поединци, несовесни селани, и одделни сопственици на викендички крај езерото се виновници за ваквата непријатна слика, вели претседателот Сашко Данов за МИА.

Нагласува дека надлежните треба да преземат мерки и да ги казнуваат несовесните.

Инаку, крај Тиквешко Езеро има над три илјади викендички.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 12:27