Почна ловната сезона во штипскиот регион. Во текот на викендот ловното здружение „Ловец“ од Штип организираше хајка на диви свињи. Николче Малинов од „Ловец“-Штип појаснува дека овие хајки се на барање на жителите од лакавичкиот и плачковичкиот регион, бидејќи во текот на летото имале големи штети на земјоделските култури од дивите свињи. Во хајката учествувале 200 ловџии, а се отстрелани вкупно три диви свињи.
- Ловната сезона започна, а сега на 11 Октомври почнува главната сезона за отсрел на див зајак, еребица и секкако останува дивата свиња, вели Малинов.
Тој денеска информираше дека како ловно здружение ќе имаат и организирани хајки и за штетен дивеч, а се лови на сите седум ловишта, кои се дадени под концесија на ловното здружение „Ловец“-Штип.