Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, доби рок до крајот на октомври за да ја зајакне позицијата на тимот во Примера. На 28 октомври е „Ел Касико“, кога Реал оди во посета на Барселона во 10-тото коло од шампионатот. Реал Мадрид моментално е четврти со 14 поени, а Севиља, Барселона и Атлетико Мадрид ги делат првите три позиции. Реал Мадрид забележа два порази и реми во последните три натпревари во Ла Лига. „Марка“, „АС“ и „Ел Мундо Депортиво“, трите главни изданија на Шпанија, денес пишуваат дека Лопетеги нема да бидат отпуштен пред големото дерби со Барселона.