Во чест на 8 Октомври, Ден на oслободувањето на Крива Паланка, денеска покрај останатите свечености, се одржаа две автентични манифестаци на кои беа претставени традиционалната кујна, фолклор и колоритот на носиите од регионот: „Шопска софра“ и Дефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион „Пчиња-Краиште“.
Настанот беше компилација од презентација и дегустација на традицонални специјалитети, солени и слатки, приготвени во кујните на домаќинките од Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Ранковце, како и од српската општина Трговиште .
Во оваа пригода се одржа и иселенична средба.
- Токму овој колорит и традиционална кујна, богатството со кое располага регионот е парчето мозаик кое и недостасува на Европската унија и се надевам во наредниот период ќе биде инкорпориран и ќе стане дел од тоа големо Европско семејство. Посебна чест ми е што можам да ги поздравам и нашите иселеници, Националниот совет на иселеници Македонци со нивниот претседател, кои се тука со нас на овој голем ден, рече градоначалникто, Борјанчо Мицевски.
Посочи дека чест е да се види дека голем број Македонци се успешни и достојно ја претставуваат државата надвор од гарнциите, како што е случајот со оние во Србија, но и насекаде низ Европа и светот.
Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво на РМ, рече дека му претставува сообено задоволство што како агенција го поддржале овој настан и воедно ги вклучиле иселениците кои потекнуваат од овој регион на ваква посебна пригода.
- Ние постоиме за иселениците од нашата држава. Сите нивни потреби ги храбрувам да ги достават до нас, а се што можеме ќе направиме за да помогнеме. Се надевам на уште поголема соработка со општината во иднина и да нарпавиме се повеќе и повеќе за нашите иселеници, рече Шалваринов.
На дефилето со народни носии од сите општини од североисточниот регион на Македонија и соседните општини од Србија и Бугарија, најубава двојка беше таа со традиционална носија од Трговиште, Република Србија.