На седница по повод 8 Октомври, Ден на oслободувањето на Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски и градоначалникот на украинскиот град Перечин, Иван Погорељук, потпишаа Договор за соработка и отпочнување постапка за збратимување на двете општини.

- Нашата соработка сигурен сум ќе продолжи на економски, културен план, на полето на спортот и друго. На економски план се надевам дека ќе успееме да пронајдеме можности за успешна соработка која ќе трае, рече Погорељук.

Се заблагодари на сите граѓани на Крива Паланка за сите почести и свечености организирани на денешниот ден, ден на сеќавање на тешкиет моменти од минатото, посакувајќи просперитет и добра иднина за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 19:24