Силно невреме проследено со град денеска напладне ја зафати Преспа.

Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јабоката, чија берба е во полн ек.

Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 20:11