Во организација на општина Македонска Каменица во Домот на култура ќе се оддржи презентација на новите владини мерки и програми за земјоделците. Според градоначалникот Соња Стаменкова, на едукативната средба со земјоделците од Општината ќе бидат презентирани и новите начини, форми и можности за аплицирање за средства преку програми и проекти до ЕУ фондовите. - Презентацијата ќе биде одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нудат Владата и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделството. На средбата ќе биде опфатена и можноста за размена на мислења со земјоделците, за сугестии и прашања од претставници на локалната и централната власт, рече Стаменкова. На средбата ќе биде присутен и раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 09:53