Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди нема да го напушти клубот и покрај многубројните шпекулации за негово заминување од Милано.

- Икарди е среќен во Интер. Постојано за него се пишува дека ќе си оди. Сакам да потсетаљм дека тој има договор уште три години и дезинформации се гласините дека е во преговори за неговата фудбалска иднина на „Џузепе Меаца“. Не можам да сфатам од каде толку желба постојано да се пишуваат глупости, истакна Ванда Нара, сопруга и менаџер на голгетерот на „неро-азурите“.

Откупната клаузула што ја има одредено Интер за предвремен раскин на договорот на Икарди изнесува 110 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 12:52