Раководството на Баерн Минхен сериозно размислува да му додели отказ на тренерот Нико Ковач и во таков случај прв понуда за негов наследник ќе добие Зинедин Зидан, објави „Билд“.

Баерн веќе четири натпревари не знае за победа, а по последниот пораз од Борусија Менхенгладбах (3:0) на свој терен, во прашање е доведена тренерската позиција на Ковач.

Доколку биде отпуштен хрватскиот стручњак кој оваа година дојде од Ајнтрахт, прв фаворит за клупата на Баварциет е Зидан кој има три врзани титули европски шампион со Реал Мадрид.

Сепак, останува да се види и одговорот на Французинот, за кого интерес пројавува и Манчестер Јунајтед кој не игра според очекувањата, па неизвесна е судбината на тренерот Жозе Мурињо.

По паузата за репрезентативни настапи, Баерн го очекуваат три гостувања по ред, две во Бундеслигата (Волфсбург и Мајнц) и едно во Лигата на шампионите (АЕК).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 15:38