Со вода за пиење кавадарчани си ги ладат казаните за печење ракија, за 60 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода во Кавадарци.
Оваа информација за МИА ја потврди Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец”.
- Вообичаената потрошувачка на вода ни е 180 литри во секунда. Сега, кога во полн ек е печењето на ракија во нашиот крај, потрошувачката е 240 литри во секунда, појасни Атанасов.
Стручњаците велат дека при дестилација на ракијата, неопходно е ладење со вода, на дестилациските колони од кои излегува алкохол.