Во рамките на одберлежувањето на 77-годишнината од почетокот на народното антифашистичко востание во Македонија, Сојузот на борците во Прилеп се одржа предавање за 5-та Народноослободителна ударна бригада - прилепска која одиграла голема улога во НОБ и револуцијата.

Според предавачот Тони Попоивкси, полковник во пензија, Петтата народноослободителна ударна бригада, прилепска е формирана на 2 август 1944 година и нејзиното значење е многу големо.

- Значењето на бригадата е од политички и од воен аспект. Од политички аспект, секаде каде што поминала Петтата народноослободителна ударна бригада - прилепска каде ја формирала новата власт - формирала нови народни одбори, со што почнала да заживува новата држава. Од воен аспект, бригадата има големо значење за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. Борбите кои Бригадата ги водела во Поречкиот крај, борбите за Здуње, за ослободувањето на Прилеп, Ресен, на Охрид, Струга се светли традиции на петтата народноослободителна ударна бригада -прилепска.

За Круме Соколоски, претседател на прилепскиот сојуз на борци, прилепчани се горди што го почнаа народното антифашистичко востание и на традициите на борбената бригада.

-11 Октомври 1941-та претставува почеток на едно успешно револуционерно движење кое заврши со победа. Се формираа одреди, бригади, па дивизии корпуси, и на крајот - војската на Македонија. Овој ден е значаен за прилепчани, секоја година се празнува свечено, а ние веќе имаме традиција во пресрет на празникот пред продолжувачите и следбеници на боречките и нароодноослободителни традиции да одржуваме предавања за значајни аспекти на НОБ и револуцијата, рече Соколоски.

Годинава, додаде тој, особено внимание обрнавме на петтата народноослободителна бригада-прилепска која извршила огромно влијание за конечното ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 16:12