Саудиска Арабија денеска покани турски експерти и надлежни лица да го посетат нејзиниот Конзулат во Истанбул паради случајот со исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги од „Вашингтон пост“ по влегувањето во тој Конзулат.

Според информациите добиени од дипломатските извори, во нотата на саудиските власти испратена до турското Министерство за надворешни работи, се покануваат турските експерти и надлежни лица да го посетат Конзулатот во Истанбул.

- Тргнувајќи од принципот за соработка со Владата на Република Турција, и од она што е битно за откривањето на вистината околу исчезнувањето на Џамал Ахмад Кашоги, син на Хамза, државјанин на Саудиска Арабија, Кралството на Саудиска Арабија ја изразува својата почит кон братската Република Турција и ги поканува турските експерти и надлежните лице да го посетат Конзулатот во Истанбул, се вели во саудиската нота испратена до турското МНР.

Кашуги исчезна во вторникот откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Република Турција, Хами Аксој, најави увид во зградата на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Аксој упати соопштение на прашањето за состојбата на државјанинот на Саудиска Арабија, Кашоги.

Тој додава дека во интензивната истрага со која би требало да биде утврдена ситуацијата со исчезнатиот новинар, вклучени се правосудните органи, припадниците на безбедносните сили и разузнавачките служби.

- Иако објектите на Конзулатот, согласно Виенската конвенција за конзуларните односи, имаат имунитет, со согласност на шефот на дипломатската мисија, органите на власта на земјата домаќин можат да направат увид. Саудиските власти изјавија дека се подготвени на соработка и дека е можно да се направи преглед на објектот на Конзулатот. Во рамките на истрагата ќе биде прегледана зградата на Конзулатот, појасни Аксој.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 16:49