Во градската библиотека „Кочо Рацин" при Национална установа Центар за култура, Крива Паланка денеска се одржа општински натпревар за млади библиотекари.

На натпреварот учествуваа десет ученици од петто до деветто одделение од основните училишта „Јоаким Крчовски" и “Илинден" кои претходно биле селектирани од одговорните наставници и библиотекари.

- Целта на натпреварот е да се поттикнат младите повеќе да читаат, да се афирмира библиотечната дејност низ доближување до помладата популација, создавање љубов кон книгата и професијата библиотекар во ерата на модерната технологија, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК Крива Паланка.

Учениците претходно се подготвуваат со материјали од специјален прирачник.

Натпреварите се организираат редовно, во координација со Библиотекарско друштво на Република Македонија.

Најуспешен учесник беше Валентина Ѓоргиевска од ООУ „Јоаким Крчовски" која ќе ја претставува општината на 19-тиот Републички натпревар за млади библиотекари кој ќе се одржи на 16 ноември во Демир Хисар.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 17:22