Најмалку 40 лица загинаа рано утрово во сообраќајна несреќа во западна Кенија, соопшти полицијата.
Според полициски службеник, повеќе од 40 луѓе загинале на местото на несреќата, но можно е бројот да е и поголем.
Весникот „Дејли Нејшн“ пак објави дека бројот на загинати е 42.
На местото на несреќата во градот Фортран приситгнале полициски и спасувачки тимови. Бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи во автобусот има повеќе луѓе.
Според полицијата, автобусот во кој имало 52 патници, патувал од главниот град Најроби до градот Кисуму во западниот дел на областа Какамага. При спуштање во стрмна падина, автобусот излетал од патот од височина од 20 метри.
Според официјалните статистички податоци, во Кенија секоја година во сообраќајни несреќи страдаат по околу 3.000 луѓе, но Светската здравствена организација (СЗО) има податоци за повеќе од 12.000 жртви на сообраќајни несреќи годишно.