Советот на општина Делчево донесе одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општината за 2018 година. Како што информираше Анка Христова од Одделението за финансии и буџет, со одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот за 2018 година е извршено распоред на средствата на сметката за донација за проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево“ финансиран од ИПА-компонентата за прекугранична соработка, Република Македонија-Република Бугарија. - Пренамената е изготвена заради помалку пресметаните средства на погоренаведените конта и повеќе планираните средства на 482.110, кои беа предвидени и во буџетот за 2017 година. Истите мораше да ги предвидиме и во буџетот за 2018 година, бидејќи се до донесувањето на буџетот за 2018 година средствата не пристигнаа, туку истите беа пристигнати и исплатени на крајот на буџетската година. Исплатите за проектот по сите основи треба да бидат завршени на 16 октомври 2018 година, и затоа е потребно донесување на одлуката од страна на Советот на општината, со цел навремено сервисирање на извршените работи како и исполнување на обврските спрема донаторот, согласно динамиката на проектот и навремено затварање на истиот, образложи Христова. Советниците на 14. седница донесоа и одлуки од областа на урбанизмот, како и одлука за дополнување на програмата за поставување урбана опрема на територијата на град Делчево со намена самостоечки рекламни паноа и информативни табли.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 09:29