Во рамките на Репуличките сили за заштита и спасување се и десет пожарникари од ТППЕ Струмица. Тие заедно со други припадници на силите учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018" што се одржува во Младеновац, Република Србија.

Според командирот на ТППЕ Струмица, учеството на десетмината пожарникари од Струмица на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.

Вежбата е под покровителство на НАТО и трае до 12 овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 10:11