Жителка на струшкото село Шум доби кривична пријава од надворешната канцеларија за криминалистички работи - Струга за „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“.

СВР Охрид денеска соопшти дека 29-годишната А.А. на 30-ти, минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца.

Претходниот ден, како што е наведено во соопштението, пријавената, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 11:16