Жена пешак е потешко повредена откако вчера во неа удрил велосипед на улицата „Народна Револуција“ во Куманово.

Како што информира МВР, вчера во 19:15 часот било пријавено дека велосипед управуван од М.К.(18) од кумановското село Биљановце, удрил во пешакот Ј.Б.(68) од Куманово на улицата „Народна револуција“. Од ударот Ј.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 11:29