Против 27-годишниот скопјанец Д.Д., Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Како што соопшти МВР, вчера изутрина во 05.00 часот во близина на болница „Негорци“ полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди А8”, но возилото не застанало.

- Набргу потоа возилото било сопрено, а возачот бил приведен. При преглед, во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти, државјани на Пакистан, посочуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 15:54