Германскиот амбасадор Томас Герберих за време на денешниот престој во Битола се сретна со градоначалничката Наташа Петровска и разговараа за инвестициите на германските компании во таа општина.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека амбасадорот се интересирал и за соработката во сферата на високото образовние и за одржувањето на историските споменици во Битола каков што е споменикот Германски гробишта, масовна гробница на загинатите војници од првата светска војна.

Амбасадорот Герберих присуствуваше и на одбележувањето на јубилејот 25 години од формирањето на германско-македонското друштво за соработка кое под претседателство на битолчанката Валентина Илиева, работи во овој град.

Амбасадорот на Германија додава дека: Повеќе од 100.000 македонци живеат во Германија и дека очекува бројот на македонци кои ќе одат во Германија ќе биде уште поголем. Како што кажа, на дневна основа барање за работна виза поднесуваат од 80 до 100 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 17:34