Поранешниот асистент на Жозе Мурињо, Руи Фарија е фаворит за менаџерската позиција во Астон Вила, откако Французинот Тиери Хенри одби да ја преземе екипата од Чемпионшип. Фарија го напушти Специјалниот по 17 години заедничка работа. Како причина за ова, Португалецот истакна дека сака да поминува повеќе време со своето семејство. Според информациите, Фарија се уште не одлучил дали сака да се врати во клубскиот фудбал, откако пред раководството на Вила останува задачата да го убеди и да му понуди добар проект. Не е исклучено поранешниот фудбалер на Астон Вила, Џон Тери, да биде во штабот на Фарија. Тие работеа заедно во Челзи пред некое време. Тери го објави крајот на својата кариера минатиот викенд и веќе изрази желба да биде менаџер во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 17:52