Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува успехот на меѓународните преставници со кои имаше консултации и средби, да извршат притисок за конечната промена на ставот на ЗНМ, ССНМ и Советот за етика, за кој МАН се залага од 2010 година, преку 2013 година, за регулација на интернет порталите во Република Македонија.
- МАН ќе продолжи и во иднина да се залага за заштита на новинарските права и слободи, како и за сузбивање на сивата економија во медиумскиот сектор, со почитување на законите и Уставот, како што впрочем го прави тоа во изминатите 16 години согласно ЕУ и НАТО стандардите, кои ЗНМ, ССНМ и Советот за етика ги практикуваат селективно.