Селекторот на Италија, Роберто Манчини, по пријателскиот натпревар против Украина (1:1), рече дека тимот одиграл добро, но недостасувале повеќе погодоци.

- Момците заслужија да постигне барем уште неколку голови. Ние мора да ја подобриме ефикасноста. Во принцип, играта беше добра, и покрај фактот дека по петте замени, му дозволивме на противникот да создаде шанси. Сега ќе се подготвиме за Полска, имаме четири дена, изјави Манчини.

Тој побара поддршка од навивачите во период кога на националната селекција не и оди најдобро. Италија нема победено на пет натпревари во серија исто така прв пат по 1993 година нема триумф на домашен терен пет средби по ред.

- Јасно е дека навивачите се вознемирени. Но не смееме да ги критикуваме фудбалерите, бидејќи тие навистина се трудат.

Следен натпревар на Италија е со Полска в недела на гостински терен во Лигата на нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 09:17