Посебното одделение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, поднесе тужба против фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ кој досуди еден од најчудните пенали во историјата на фудбалот.

Обрадовиќ на дуелот Спартак – Раднички одигран во мај минатата година досуди пенал за Спартак на изненадување на сите присутни на стадионот во Суботица, по кој домаќините постигнаа гол за 2-0.

Обрадовиќ по мечот беше во притвор еден месец, а потоа пуштен да се брани од слобода.

Обвинението за судијата од Јагодина е дека тој ја злоупотребил службената положба фаворизирајќи ја домашната екипа.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 09:47