Две непознати лица синоќа околу 21:50 часот извршиле разбојништво во маркет на улица „Солунска“ во Битола, одземајќи околу 65.000 денари.
Сторителите и се заканиле на вработената со огнено оружје, по што ги одзеле парите и побегнале.
Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за расчистување на случајот.