Осум патници се повредени, од кои двајца се потешко, но не се во животна опасност и шест се здобиле со полесни повреди, потврдија од МНР.
Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои двајца се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, велат во МНР.
Сообраќајната несреќа се случила утринава во 6 часот меѓу македонски автобус и товарен камион во близина Линц, Австрија.
Според полицијата, до несреќата дошло кога автобусот од Македонија застанал заради дефект, а во него удрил камион.